За програмата

Кобрендираната haPPy картичка е кобрендиран картичен продукт овозможен од компанијата Неп Лојалити и НЛБ Банка.

Оваа кредитна картичка има меѓународна важност чија примарна карактеристика е повратот на средства (Cashback) при речиси секоја трансакција во земјата и странство. Износот на поврат на средства е во зависност од продажното место на кое е реализирана трансакцијата и се движи од 1% до 12% за трансакции реализирани кај трговците – партнери на програмата, додека за сите останати трансакции обезбеден е поврат на средства во висина од 0,6%.

По сите свои карактеристки оваа картичка ќе го подигне искуството на потрошувачите на едно поинакво ниво и ќе стане прв избор за плаќање на потрошувачите. Прифатена од повеќе од 1.300 продажни места ширум државата кои опфаќаат преку 30 сектори во трговијата, картичката нуди ненадминливи бенефиции за потрошувачите при секое нејзино користење. Програмата за лојалност ги обединува водечките трговски брендови во Македонија чиј продажен асортиман во најголема мера ги задоволува секојдневните потреби на купувачите.

Потрошувачите повеќе немаат потреба да чуваат десетици картички за попуст во својот новчаник затоа што кобрендираната картичка е се што им е потребно. Со секое нејзино користење во земјата, во странство или при плаќање на интернет се наградува лојалноста на потрошувачoт.